Чарлс ќе им ги одземе титулите на принцот Хари и Меган ако продолжат да штетат на имиџот на кралското семејство

Кралскиот експерт Том Бовер, тврди дека кралот Чарлст Трети може да им ги одземе титулите на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, ако продолжат да му наштетуваат на имиџот на кралското семејство.

Авторот на книгата „Одмазда: Меган и Хари и војната меѓу Виндѕор“, смета дека Чарлс нема да ги поштеди неговите деца ако продолжат со обвинувањата и негативните приказни за кралското семејство.

Бовер тврди дека кралот се обидел да разговара со принцот и неговата сопруга. Ги предупредил и им се заканил дека ќе бидат исфрлени од семејството ако продолжат со откривањето тајни и клеветите кон кралското семејство.

„Сигурен сум дека во мемоарите на Хари има голем број негативни работи за Чарлс и Камила“, додаде Том.
Но, за да им бидат одземени титулите на војводата и војвотката од Сасекс, ќе мора да се вклучи и британскиот парламент. Наводно кралицата Елизабета била против ваквата идеја да бидат казнети Хари и Меган. Сепак Чарлс проценил дека тоа е нешто што треба да го направи.

За потсетување, мемоарите на принцот Хари „Резерва“, ќе излезат во јануари 2023 година, а двојката наводно снима и документарец за „Нетфликс“. Во него можат да откријат голем број од негативностите во кралскиот живот.

 

Scroll to Top