Холивудскиот глумец Ченинг Тејтум од неодамна е во врска со британската пејачка Џеси Џеј, пишува магазинот „Пипл“. Тие додаваат дека пејачката многу личи на поранешната сопруга на актерот Џена Деван, со која се раздели пред околу шест месеци, по 10 години брак.
„Нивниот однос е ‘лабав’. Тие само се забавуваат, ништо повеќе“, рекол близок извор на Ченинг за „Пипл“.
Актерот бил на неколку концерти на Џеси, во Сиетл и во Солт Лејк Сити. Според таблоидот, тие минатата недела играле мини-голф во Лос Анџелес.
Ченинг и Џеси се запознаа во 2015 година на доделувањето на наградите MTV Movie Awards, кога пејачката му ја додели наградата за „најдобар актер во комедија“.