Чилеанката Јохана Агурто, го крстила својот мед по името на холивудскиот глумец Мел Гибсон, по што тој ѝ се заканил дека ќе ја даде на суд. Таа смислила совршен маркетинг за својот мед, по што адвокатите на Гибсон ја контактирале за веднаш го промени нејзиниот бренд.
Мел е шпански збор за мед, а на самата тегла, на фотографијата се наоѓа и слика од Гибсон од улогата „Храбро срце“, пренесува „Би-би-си“.
Таа вели дека не е подготвена така лесно да се откаже од името и од нејзината компанија, преку „Твитер“ го повикаа глумецот да дозволи да ја користи неговата слика.
„Сè се одвиваше според планот, сè додека не стигна заканата од адвокатите на Мел Гибсон“, открила таа на „Твитер“.
Адвокатите на Гибсон ја известиле дека треба да го повлече својот производ од пазарот, поради неовластена употреба на името и ликот на нивниот клиент. Во писмото кое ѝ го упатиле, тие ѝ се заканиле дека ако не го повлече одма производот, ќе бидат принудени проблемот да го решаваат на суд. Агурто медот „Мел Гибсон“ почнала да го продава откако останала без работа, поради пандемијата со коронавирусот.
„За користење и умножување на фотографиите со ликот на Мел Гибсон од филмот „Храбро срце“, морате да добиете посебна употребна дозвола. Фотографијата е во сопственост на студиото кој филм го објавил“, објаснил адвокатот на Гибсон.
Тој додал дека ваквиот вид на маркетинг, ќе мора да има посебно одобрение.
„На никој начин не сакаме да спречиме било кој да почне со свој бизнис и да оствари приход од него, но треба да се знае дека постојат прописи и начини на водење бизнис, контакти, одобренија кои претходно морате да ги задоволите“, појаснил адвокатот.
Се чини дека новопечената претприемачка не е подготвена така лесно да се откаже од својата нова работа, па преку „Твитер“ го повикала Гибсон да ѝ дозволи да ја користи неговата слика и име.
„Нашиот мед е само за храбри срца“, напишала таа во пораката до Гибсон.
Таа истовремено им се заблагодарила на сите корисници на „Твитер, кои и дале поддршка.
„Моето срце е храбро, но сега сеуште не знам дали сме моќен рој“, им порачала таа.