Да се снимале денеска, овие филмови не би траеле ни пет минути!

By

Дали некогаш сте гледале стари филмови и сте помислиле „да е ова снимено денеска, филмот би траел пет минути“?

Без грижи, не сте единствени. Интернетот е преполн со истомисленици како вас, кои знаат дека постоењето на мобилни би ги упропастил поголемиот дел од старите филмови снимени пред модерната технологија, кои денеска ги земаме здраво за готово.

Ова се само некои од нив.

Psycho (1960)

Нема шанси да во 2017 година влезете во мотел кој на „TripAdvisor“, нема ниту една или еден куп негативни рецензии. „Мотелот го држи една страшна медуза“, „делува како психопат“, „се расправа со мајка му која никако не ја видел“, „местото е тотална дупка“, или „сопственикот ме заклал под туш“, беа само некои од коментарите.

The Terminator (1984)

Како прво, фактот дека напредниот систем кој го покорил човештвото (Skunet) има технологија да во минатото испрати киборг, но не и да го прати на точната адреса и со фотографија од Сара Конор, е едно од поголемите филмски промашувања. Но, да го занемариме тој ситен детал, да Терминатор стигне по неа во денешно време, едноставно би ја прогуглал, и работата ќе биде решена. Би имал паметен телефон и не би инало потреба за телефонски именик.

Sixteen Candles (1984)

Нема шанси да баш сите го заборават роденденот на Саманта и и го упропастат денот. Постои Фејсбук и би и честитале сите, од френдови до луѓе кои веројатно не ја познаваат.

Home Alone (1990)

Точно два СМС пораки, би го скратиле овој филм на првите петнаесет минути. Тој би се јавил на родителите, или тие него и тоа би било тоа. Кевин би знаел дека неговите родители не се исчезнати, и дека не може да се однесува како психопатски дивјак, а ние за Божиќ би го гледале Бен-Хур.

Mrs. Doubtfire (1993)

Можете да бидете сигурни дека грижната мајка ќе ја прогуглаше госпоѓа Даутфаер и ќе свати дека се што и рекла во разговорот за работа е комплетна лага.

The Usual Suspects (1995)

Во ред, овој филм веројатно би можел да биде снимен, но крајот би бил целосно поинаков, затоа што Вербал Кинт успева да се извлече благодарение на иритантниот спор факс кој предоцна открива дека токму тој е Кајзер Созе. Некој би испратил фотка на WhatsApp или мејл и никогаш не би ја напуштил полициската станица.

Before Sunrise (1995)

Еден од најдобрите романтични филмови на сите времиња би имал совршен прв дел, но продолжетоците едноставно не би се сличиле ако постоел Фејсбук. Имено, на крајот на првиот дел. Џеси и Целин, договараат дека на истото место ќе се најдат за шест месеци, но тоа не се случува затоа што Целин мора да оди на погребот на баба му, па ќе се сретнат дури девет години подоцна. Да беше Фејсбук, би биле постојано во контакт, и трилогијата би била мртва.

Jingle All the Way (1996)

Залудна трка за играчка? Зошто? Постои Амазон и играчката би стигнала на адреса без премногу драма. Би било тоа кратко и светот ќе му беше ускратена можноста да го види овој божиќен ужас.

Romeo + Juliet (1996)

Неколку пораки и работата ќе беше решена. Јулија на Ромео ќе му испратеше порака дека ќе ја лажира својата смрт, се подобро ќе испланираа, и филмот ќе имаше среќен крај. Освен ако старците не би им ги зеле мобилните.

The Parent Trap (1998)

Доколку филмот беше снимен денеска, Ени и Хали со помош на Фејсбук, брзо би ги пронашле своите исчезнати родители и ќе откријат дека се близначки.

You’ve Got Mail (1998)

Тешко е да се поверува дека комуникацијата меѓу Катхлеен и Џо во денешно време би траела толку долго без фотки. Знаете ли какви се лудаци ве демнат на нет? Малку Skype или FaceTimea целосно би го уништиле овој филм, затоа што брзо би сватиле дека еден на друг се конкуренција.

Fight Club (1999)

За почеток, се би било полесно да се прерши првото правило на „Клубот на борци“, затоа што нема шанси да некој од членовите не би објавил нешто на Фејс. Од друга страна, можеме да бидеме сигурни дека овие илегални борби би се снимале на мобилни, и во морето на селфиња, кои сите би ги правеле, главниот лик во еден момент ќе свати дека се натега само сам со себе.

Memento (2000)

Сите глупости кои Леонард Шелби ги прави во филмот биле залудни. Буквално се би можело да подготви на својот телефон, а ако телефонот го изгуби, постои iCloud. Или Фејсбук на кој би можел да ја објави својата приказна. Сите полароиди би ги постирал на Инстаграм. Воглавно, многу полесно од тетоважа. На крајот на краиштата, би можел да ги провери пораките и да ја пронајде онаа во која Теди му открива дека ја убил својата жена.

One Hour Photo (2002)

Самиот наслов на филмот доволно говори за тоа дека денеска нема шанси да биде снимен. Да се чека фотка за еден час? Зошто? Ликот кој го глуми Робин Вилијамс не би иммал работа, затоа што кој воопшто денеска развива фотографии?

Phone Booth (2002)

Колин Фарел со својата љубовница комуницира користејќи телефонска говорница. Телефонска говорница? Кога последен пат сте користеле или воопшто виделе да некој користи телефонска говорница? А бидејќи веројатно да контактирал со мобилен, или во екстремна ситуација, со таен профил или резервен мобилен, филмот не би имал смисла да се сними.

 

Ќе ви се допадне

KissAnime: Marches Comes in Like a Lion: Special Omnibus Episode (Dub) anime episode Full online free at https://kissanime.mx watch anime online

Website https://animekisa.in: Watch Patapata Hikousen no Bouken animekisa Episode 26 dubbed anime

Website https://animeflv.uk: Watch One Piece Film: Strong World Episode 0 animeflv Episode Full gogoanime

Watch anime online for free at 4Anime haikyuu 4anime

Bakespace: https://www.bakespace.com/members/profile/kissanimemx/1224900/

Rosalind: http://rosalind.info/users/animeflixnl/