Пејачката и глумица Селена Гомез изгледа како никогаш да нема да може да најде мир или да избега од своето минато. Откако раскина со Џастин Бибер, тој набрзо започна врска, а потоа и брак со Хејли Бибер.
Селена помина низ тежок емотивен период, но потоа ја пронајде среќата со продуцентот Бени Бланко, со кого неодамна се омажи.
Сепак, и покрај сето ова, врската меѓу Селена и Хејли Бибер отсекогаш била под очите на јавноста, а сега таа одлучи да проговори.
Во приказна што брзо ја избриша, таа им порача на сите да ја остават Хејли на мира.
„Само оставете ја девојката на мира. Може да каже што сака. Воопшто не влијае на мојот живот. Сè е во врска со релевантноста, а не со интелигенцијата. Бидете љубезни, сите брендови ме инспирираат. Има место за сите“, напиша Селена.
Сето ова доаѓа по интервјуто со Хејли Бибер во кое таа истакна колку е фрустрирана од постојаните споредби со другите, вклучително и со брендот на Селена Гомез, и дека не чувствува дека има конкуренција од луѓе кои не ја инспирираат.