Откако неколку пати изјавуваше дека веќе никогаш нема да го глуми ликот на Џејмс Бонд, актерот Даниел Крег потпиша договор на 25 милиони долари за да игра во најновото продолжение на филмот. Крег најави дека ова е сепак последен пат што ќе го глуми тајниот агент 007, иако продуцентите му понудиле договор за уште две продолженија.
Новиот Бонд почнува да се снима наскоро, а ова ќе биде 25ти филм од франшизата. Пред Крег Џејмс Бонд го глумеа Роџер Мур, Шон Конери, Пирс Броснан, Тимоти Далтон и Џорџ Лазенби.
Премиерата на „Бонд 25“ е закажана за 8 ноември 2019 година.