Дечкото на Ким го исмеваше Канје Вест и го спореди со госпоѓа Даутфаер

Дечкото на Ким Кардашијан, комичарот Пит Дејвидсон, го исмеваше нејзиниот поранешен сопруг, Кание Вест, на еден од неговите настапи. Тој го спореди со госпоѓа Даутфајер, дадилката која ја глумеше глумецот Роби Вилијамс во истоимениот филм од 1993 година.

Дејвидсон во неговата стендап точка Pete Davidson Presents: The Best Friends, како дел од серијата на „Нетфликс“, Netflix is ​​a Joke: The Festival, се пошегува со Кание и рече дека го замислувал како доаѓа во вилата на Кардашијан, како дадилката госпоѓа Дауфајер.

За потсетување, главниот лик Роби Вилијамс во тој филм ја превзема улогата на домашна помошничка само за да остане близок со своите деца.

„Се надева ли некој потајно дека Кание ќе ја глуми госпоѓа Даутфајер? Еден ден да дојдам дома и децата со Ким да ми кажат, дека ова е нашата нова домаќинка“, рече Дејвидсон.

Тој продолжи со провокациите и јавно праша дали Кание има сида, а рече и дека неговиот колега, комичарот Џон Мулан му предложил дека треба да рашири гласини дека раперот има и детска парализа.

Scroll to Top