Познатиот комичар и дечко на Ким Кардашијан, Пит Дејвидсон (28), наводно ќе патува во вселената.
Според „Пејџ сикс“, ѕвездата на Saturday Night Live, моментно е во преговори да се качи на летот на Blue Origin со милијардерот Џеф Безос за да помине нешто повеќе од 10 минути на 100 километри над површината на Земјата“.
„Пит е возбуден“, изјави извор близок до комичарот за порталот, додавајќи дека тие сè уште немаат потпишано договор.
„Изгледа дека тоа ќе се случи. Деталите се финализираат“, додава изворот.