Дечкото на Ким Кардашјан ќе патува во вселената со ракетата на Безос

Дечкото на Ким Кардашијан, американскиот комичар Пит Дејвидсон, следната среда ќе патува во вселената со една од ракетите на Џеф Безос. Пит ќе патува со леталата наменети за туристи на компаниајта Bluе Оrigin, пренесе CNN.

Оваа компанија стана првата која почна да нуди редовни летови во индустријата на вселенскиот туризам. Пит за разлика од другите туристи, ќе патува бесплатно, како гостин, додека останатите пет патници со кој ќе патува ќе мора да си го платат летот.

Лансирањето е закажано за 23 март, а ќе се случи во западен Тексас. Патниците ќе патуваат со ракетата New Shepard.

Летот ќе трае околу 10 минути, а патниците ќе можат да ја искусат микрогравитацијата. Кога ќе дојдат до најдалечната точка од Земјата, тие неколку минути ќе бидат во безтежинска состојба.

Безос досега патувал три пати со оваа ракета, а неговите гости беа главно славни лица. Ваквото искуство е достапно за сите кои тоа можат да си го дозволат.

За потсетување, иако се гледаат веќе неколку месеци, Ким и Пит неодамна ја потврдија врската преку социјалните мрежи.

 

Scroll to Top