Деми Ловато во врска со Нејмар

Нејмар, фудбалерот на Пари Сен Жермен, објави фотографија на „Инстаграм“ на која се гледаат две испреплетени раце, а на едната има тетовиран лав и натпис Love. Фановите на Деми Ловато ја поврзаа тетоважата со пејачкат, која пред неколку месеци истетовира лав на раката.

Под фотографијата најскапиот фудбалер на светот стави неколку срциња и со тоа ги подгреа озборувањата дека тој и Ловато се во врска.

Сепак, ниту еден од нив официјално не ја потврдува информацијата.

Scroll to Top