Бенџамин Кио (27), внукот на рокенрол-легендата Елвис Присли, на почетокот од месецот се самоуби во својата вила во Калабасас. Тој бил пронајден со рана од куршум во градите. Полицијата соопштила дека станува збор за самоубиство, но дека некои околности не се јасни.
Синот на Лиса Мари Присли, кој го доби од бракот со музичарот Дени Кио, а со кој ја има и ќерката Рајли, се самоуби на роденденската забава на својата девојка Дијана Пинто.
Според известувањата на странските медиуми, нивните соседи во раните утрински часови на 12 јули слушнале жена како вреска, а за која се верува дека е Пинто: „Немој тоа да го правиш!“.
Полицијата стигнала околу шест часот наутро и го пронашла телото на Бенџамин во бањата. Бенџамин се заклучил во едно од трите бањи и се самоубил.
Полицијата од Лос Анџелес открила дека обдукцијата покажала што точно се случило. Бенџамин ја отворил устата и го повлекол чкрапалото, а првобитно во документите било заведено дека си пукал во градите.
Тоа што можеби е интересно во оваа лоша приказна е фактот што местото на кое Бенџамин се самоубил, бањата, е истото место на кое во 1977 година било пронајдено мртвото тело на неговиот славен дедо.
Останува непознато дали со самоубиството во бањата Бенџамин на некој начин сакал да потсети на својот дедо, особено кога се има предвид дека Лиса Мери, мајка му, секогаш ја истакнувала сличноста меѓу нив, и тоа не само физички.
Странските медиуми наведуваат дека соседите по убиството, а и по доаѓањето на полицијата, ја слушнале Пинто како разговара со еден од полицајците и вели дека се плаши оти семејството на Бенџамин ќе ја мрази, па дури и ќе ја обвини за неговата смрт.
Тоа секако не се случило, а Пинто неколку дена подоцна била видена како со мајката на Бенџамин, Лиса Мари, го напушта хотелот во Беверли Хилс, во кој таа била сместена, држејќи ја за рацете. Пинто со него беше во врска 4 години, а се прости јавно од него велејќи: „Не можам да го замислам својот живот без тебе“.