Детето на Илон Маск го менува името и ги прекинува сите врски со милијардерот

Трансродната ќерка на Илон Маск поднесе барање за промена на името во согласност со нејзиниот нов идентитет. Таа повеќе не живее со Маск, ниту пак сака да има било какви врски со милијардерот.

Барањето за промена на името и новиот извод го поднела во Високиот суд во Лос Анџелес во Санта Моника уште во април.

Хавиер Александер Муск, кој неодамна наполни 18 години побара промена на полот од машки во женски, па затоа бара и промена на името, е наведено во судските документи кои се објавени на веб-страната PlainSite.org.

Нејзината мајка е Џастин Вилсон, која се разведе од Маск во 2008 година. Засега не е позната приичината за нарушените односи меѓу Маск и неговата ќерка. Неговиот адовкат досега нема дадено било каков коментар на прашањата на „Ројтерс“.

Околу месец дена откако го поднела барањето за промена на полот и името, Маск рече дека ја поддржува Републиканската партија чии избрани претставници поддржуваат низа на закони со кои им се ограничува правата на трансродните лица во сојузните држави низ земјата.

„Апсолутно ја поддржувам трансродноста, но сите овие заменки се естетски кошмари“, напиша на „Твитер“ Маск во 2020 година.

 

Scroll to Top