Девојката на Илон Маск се зарази од корона

Девојката на Илон Маск, 32-годишната Клер Елиз Бушер, се зарази со коронавирус. Познатата пејачка им откри на фановите за нејзината состојба.

„Конечно добив коронавирус. На некој чуден начин уживам во грозницата предизвикана од лековите“, напишаа таа на „Инстаграм“.

Најбогатиот човек на светот и неговата партнерка пред половина година добија син, но засега тој не откри дали со бебето X Æ A-Xii се позитивни на ковид. Покрај X Æ A-Xii, Маск има уште пет сина од неговата прва сопруга Џастин.

Пред три дена, Маск стана најбогатиот човек во светот, со богатство поголемо од 185 милијарди долари.

Scroll to Top