Џастин Бибер е на црната листа на Ферари, прекршил важни правила на компанијата

Познатиот канадски пејач Џастин Бибер е на црната листа на Ферари, бидејќи не го почитувал етичкиот кодекс на компанијата, односно неговото Ферари 458 Италија го обоил во сино.

Тој исто така поставил широк боди кит од Liberty Walk, а неговата најголема и непростлива грешка е што дури и логото на Ферари на неговиот болид е направено во сина боја.

Пејачот е познат по ексклузивни суперавтомобили, а меѓу нив се Ferrari LaFerrari, Fisker Karma, Ferrari 458 Italia и други.

Ферари го известува секој клиент да не си „игра“ со автомобилот, па затоа не дозволува нелегални модификации на моторот, какви било модификации на каросеријата, а потребна е лиценца за бојадисување на автомобилот.

Друга грешка на Бибер е што го продал своето сино Ферари на аукција во 2017 година, неполна година по купувањето, што компанијата од Маранело исто така не го дозволува.

За среќа на Бибер, ништо не го спречува да купува модели на Ферари од други сопственици.

На црната листа на Ферари се старлетата Ким Кардашијан, како и актерот Николас Кејџ.

Scroll to Top