Пејачот Џастин Бибер ги изненади фановите со својот најнов потег. Имено, тој деновиве на Инстаграм престана да следи неколку луѓе, меѓу кои и неговата сопруга Хејли Бибер.
Тој, исто така, не го следи својот поранешен ментор Ашер, Скутер Браун и таткото на Хејли, Стивен Болдвин. Неговите обожаватели брзо забележале дека Хејли повеќе не е на списокот на Џастин на луѓе што ги следи, што предизвика бран коментари на социјалните мрежи.
Многумина почнаа да шпекулираат за проблеми во нивниот брак.
„Дали раскинаа?“, „Зошто Џастин прекина да ја следи Хејли на Инстаграм?“, „Никој не е сигурен“, „Што се случува?!“, коментираа фановите.
Од друга страна, некои обожаватели забележале дека Хејли сè уште го следи Џастин на Инстаграм и се обиделе да ја смират ситуацијата.
„Таа сè уште го следи, се надевам дека тоа беше само грешка на Џастин“, напиша еден од нив.
Еден фан исто така истакна дека парот моментално се одмара во Аспен, сугерирајќи дека се уште се заедно.
Инаку, веќе некое време се шират гласини за проблеми во нивниот брак. Сепак, Бибер ги премолчи гласините објавувајќи фотографија со Хејли со порака: „Ќе одам каде било со тебе“.