Еден од најбогатите луѓе на светот и директорот на „Амазон“, Џеф Безос ѝ додели на пејачката Доли Партон 100 милиони долари. Парите ѝ ги даде на нејзината фондација која им помага на милион деца во светот да имаат бесплатен пристап да дојдат до книгите.
Преку нејзината фондација која ја посвети на татко ѝ, Dolly Parton’s Library, пејачката сака да ги мотивира децата низ светот за повеќе да читаат и да имаат пристап до бесплатна литература.
Во петокот вечерта беа одржани наградите на Безос, а Партон стана добитничка на наградата за храброст и учтивост, за која доби 100 милиони долари, кои треба да ги даде за добротворни цели.
I try to put my money where my heart is. I will do my best to do good things with this money ❤️ Thank you @JeffBezos #LaurenSanchez https://t.co/8RHh51z3jT
— Dolly Parton (@DollyParton) November 13, 2022
„Секогаш зборував дека парите треба да ги дадеме таму каде што ни вели срцето. Ќе дадам сè од себе со парите да направам добри работи. Кога луѓето се во позиција да помогнат, треба да помогнат“, рече Доли.
Пејачката на церемонијата стигна облечена во црн чипкаст фустан. На настанот дојде и девојката на Безос, Санчез Лорен.
„Таа дава со срце. Тоа што го направи за децата, описменувањето и голем број други работи, едноставно е неверојатно“, рече 58 годишниот милијардер за Партон.
Преку нејзината фондација Imaginatiot Library, Партон и претходно донираше милион долари на Универзитетскиот медицински центар Vanderbilt, кој помогна во равзој на Модерна вакцината против Ковид 19.
Претходниот добитник на наградата беше готвачот Хозе Андрес, кој донираше во светската централна кујна која ги храни луѓето по катастрофите ширум светот. Сега ги искористи 100 милиони долари за да им помогне на Украинците.
За потсетување, Бартон напиша автобиографија која ја искористи за нејзиниот мотивациски говор „Славете ги сонувачите кои се кријат во вас“, кој го одржа на познатиот Универзитет во Тенеси. Партон исто така напиша книга за деца, чии наслови исто така се достапни на веб страната на организацијата.