Џенифер Лопез беше фотографирана надвор со нејзините деца, близнаците Ема и Максимилијан, кои ги имаше со нејзиниот поранешен сопруг Марк Ентони.
Тие се снимени во Лос Анџелес додека оделе на ручек. Посебно внимание привлече Максимилијан, кој ретко се појавува во јавноста со својата мајка. 16-годишникот излезе во кошула на пруги, која ја искомбинираше со карирани панталони и сива капа.
За излегувањето, Еме носеше маичка со кошула со кратки ракави и широки панталони преку неа. Поради својот стил, таа честопати го привлекуваше вниманието на јавноста и претходно. Многумина ја критикуваа дека не ја имитира мајка и, и го копира нејзиниот стил, но Еме ги игнорираше ваквите коментари.
За потсетување, Џенифер и Марк беа во брак од 2004 до 2014 година. По разводот тие останаа во добри односи и заедно ги воспитуваа децата.