Џеј Ло им викаше на фотографите на премиерата на претставата поради своето дете

Џенифер Лопез и нејзиното небинарно дете Ема (17) неодамна предизвикаа лавина коментари појавувајќи се на премиерата на претставата Отело. Сега се појавија тврдења дека латино дивата била принудена да го брани своето дете од папараците на настанот.

Имено, сведок од премиерата за „Пејџ Сикс“ опиша како еден од фотографите премногу се зближил до Ема, што ја натерало Лопез да реагира.

„Таа стана како мајка мечка, почна да вика“, рекол изворот.

Лопез и Ема пристигнаа заедно во понеделникот на премиерата на Отело, во која главните улоги ги толкуваат Џејк Гиленхал и Дензел Вашингтон.

Scroll to Top