Џеј-Зи основал фонд од 10 милиони долари за помош на компаниите што произведуваат марихуана

By

Американскиот рапер и продуцент Џеј Зи, сопруг на пејачката Бијонсе, формирал инвестициски фонд од 10 милиони долари за поддршка на малите бизниси во секторот марихуана во сопственост на афроамериканци.

Шон Џеј Зи Картер, кој сака да биде лидер во индустријата за легална марихуана во Соединетите држави, го создал тој инструмент за ризичен капитал откако во декември купил платформа директно за потрошувачите во Калифорнија.

„Со почетни 10 милиони американски долари и годишна инвестиција од најмалку 2% нето добивка, ние се свртуваме кон диверзификација на трговското лидерство и работната сила“, соопштила матичната компанија, за која Џеј Зи е голем визионер.

  

Матичната компанија е котирана на канадската берза NEO Exchange од минатата недела. Пејачката Ријана е меѓу нејзините инвеститори.

Компанијата е посветена на инвестирањето на 2% од профитот секоја година во овој нов „Фонд за инвестиции во социјален капитал“ основан од раперот.

Холдингот, со седиште во Сан Хозе, Калифорнија, остварил промет од 185 милиони долари на пазарот на марихуана во 2020 година, што се проценува на 7,5 милијарди долари само во Калифорнија, каде што потрошувачката на марихуана е дозволена за рекреативна употреба како и во петнаесет други држави во САД.

 

Ќе ви се допадне

Watch JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub) Episode 21 at website https://animeplanet.cc anime planet harem

Watch Re:ZERO -Starting Life in Another World- Season 2 (Dub) Episode 4 (https://animeflix.nl/m/lBv8/ep-4) at website https://animeflix.nl animeflix beastars