Џејми Ли Кертис се пофали дека е трезна 22 години

Холивудската глумица Џејми Ли Кертис (62) преку „Инстаграм“ се пофали дека е трезна веќе 22 години. Таа сподели искрена порака со фановите и фотографија со алкохол за која вели дека е една и ѝ е потсетник низ што поминала кога го допрела дното. На сите што сега се борат со зависност Џејми им испрати порака: „Мојата рака е во твојата“.

„Многу одамна, во една далечна галаксија, јас бев млада ѕвезда што водеше војна со себе. Во тоа време не знаев. Ги бркав сите. Се криев. И ми здодеа од тајните. Со божја помош и поддршка од многу луѓе кои сочувствуваа со мене и неколку трезни ангели успев да останам трезна, ден по ден, 22 години“, напиша глумицата, меѓу другото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Lee Curtis (@curtisleejamie)

Scroll to Top