Глумецот Џејмс Кан, познат по улогата на Сони Корлеоне во филмот „Кум“, починал од срцев удар. Во документот до кој стигнал TMZ, пошува дека тој умрел од срцев удар и последица од коронарна артериска болест. Наведено е и дека боледувал од хронична опструктивна белодробна болест.
За потсетување, Џејмс почина неодамна на 82 години. По улогата на мафијашот Сони, италијанската заедница во Њујорк го прогласи за најдраг американски Италијанец.
Улогата на Сони му донесе и номанација за „Оскар“ и „Златен глобус“. По „Кум“, следуваа улоги во филмовите The Gambler, Rollerball, Comes a Horseman, Misery, Brian’s Song.