Џенифер Анистон и Винс Вон повторно заедно

Популарната холивудска глумица Џенифер Анистон е во врска со својот поранешен партнер и колега Винс Вон, пишуваат светските таблоиди. Двајцата беа и претходно заедно откако Анистон се разведе од Бред Пит, но никогаш јавно претходно не признаа дека се во врска.

Вон е познат по голем број акциски и хумористични улоги, а во едно од поранешните интервјуа за „Вог“, Анистон признала дека Вон е забавен, згоден и дека би бил совршен за неа.

Потоа навестила дека меѓу нив има и нешто повеќе од само пријателство, но Винс, пак, од друга страна, во разговор за „Ролинг стоун“, откри нешто сосема поинакво.

Кога новинарот го прашал дали се вистинити шпекулациите дека Џениер се заљубила во него додека снимале заедно филм, тој само го прочистил грлото, поминал со прстот преку устата, што претставувало знак за водителот дека треба да замолчи и се загледал во празно.

Шпекулациите за нив се раширија по снимањето на филмот The Break-Up, а неколку месеци подоцна биле видени во Чикаго како се бакнуваат. Потоа потврдија дека се во врска.

„Винс ми е само пријател“, изјавила Анистон во разговор за „Ел“ на крајот на 2005 година. Го обожавам. Тој е забавен. Но, не сакав да влегувам во врска поради разводот со Бред. Ако нешто треба да се случи, ќе се случи“, изјавила кусо Анистон.

Во друго интервју за „Венити фар“ таа потврдила дека не се во врска и дека едвај се познаваат.

„Бевме само на вечера со режисерот и со членовите на филмската екипа. Допрва треба да се запознаваме“, изјавила таа.

Но, Вин,с по завршувањето на снимањето на филмот, не можејќи да молчи за нивната врска, јавно обелодени дека се заедно. Додека гостувал во шоуто на Дејвид Летерман, тој изјави дека таа е супер, но дека не сака да зборува за нивната врска.

 

Scroll to Top