Холивудската глумица Џенифер Анистон ќе биде сама за Божик, пишува магазинот Heat UK. Извор близок до ѕвездата од „Пријатели“ открива дека Анистон, поради пандемијата, не може да направи голема божикна забава со семејството и пријателите.
„Анистон е несреќна затоа што ќе седи дома сама со своите кучиња. Се надева дека можеби ќе ѝ дојдат двајца или тројца пријатели во посета“, открива изворот.
Тој вели дека Анистон најмногу се радува на посетата на глумицата Кортни Кокс, со која има силен пријателски однос уште од времето кога глумеа во „Пријатели“.
„Анистон се плаши затоа што Кортни сè уште не потврдила дека ќе дојде со својата 16-годишна ќерка и нејзиниот партнер Џони. Се плаши дека можеби ќе имаат други планови за Божик“, открива изворот.
Тој објаснува дека карантинот оставил голема трага врз Анистон и глумицата со нетрпение чека повторно да излегува и да се дружи со луѓе. Наводно, ѝ досадиле состаноците на слепо со мажи преку „Зум“. Таа се откажа од тоа и сега само лежи пред телевизорот со кучињата.