Актерката Џенифер Анистон стравува дека нејзиниот колега и пријател Метју Пери во мемоарите може да ги објави нејзините тајни од бракот со Бред Пит.
Пери неодамна рече дека во неговата книга „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“ ќе раскаже за неговиот живот и проблемите кои тој ги имал со пороците, алкохолот и дрогата.
Британски Mirror пренесува дека Анистон е загрижена дека во книгата тој ќе открие и приватни детали и тајни од нејзиниот пропаднат брак со Бред Пит. Книгата треба да излезе во септември.
За потсетување, разводот на Џенифер и Бред следеше само година дена откако актерите завршија со снимањето на „Пријатели“. Тогаш Бред се заљуби во Анџелина Џоли за време на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“, во 2004 година.