Сликите на Џенифер Гарнер како му помага на бездомник на плажа во Санта Моника, Калифорнија станаа хит на социјалните мрежи.
Актерката на бездомникот му донела торба полна со основни работи, а кога видела дека нема чорапи на нозете веднаш се наведнала и му ги облекла.
Jennifer Garner offers homeless man her own shoes, puts socks on his feet https://t.co/bdzqQbzLVL pic.twitter.com/mVgiAaUssB
— Page Six (@PageSix) September 18, 2023
Гарнер дури и ги соблекла патиките и се обидела да ги облече на бездомникот, но тие биле премали за него. Потоа, таа се обидела да му купи чевли од случаен минувач.
„Колкава големина на стапала имаш?“, прашуваше таа постојано, додавајќи: „Може ли да му ги купам твоите чевли? Му требаат чевли“. Случајниот минувач прашал каква големина му е потребна, на што Гарнер одговорил: „10 и пол“.
Jennifer Garner took time out of her day to help out a homeless man in L.A. https://t.co/mPQr0syJsY
— TMZ (@TMZ) September 19, 2023
“Носам број 11! Сакаш да му ги дадам? Можам да му ги дадам”, среќно и одговорил тој и и рекол на актерката дека не мора да му плати.