Актерката Џенифер Греј по 35 години пак ќе ја глуми Френсис Бејби Хаусман во продолжението на хит-филмот „Валканиот танц“.
„Џенифер се враќа во одморалиштето Келерман за да го раскаже следното поглавје од приказната“, открија продуцентите на „Лајонсгејт“, кои работат на вториот дел на филмот.
За сега само се знае дека локацијата на снимање ќе биде иста како и за првиот дел, но и дека Џенифер веќе работи на кореографиите за филмот.
„Валканиот танц“, во кој Греј глуми со починатиот актер Патрик Свејзи, и денес важи за еден од најубавите романтични филмови на сите времиња. По успехот на првиот дел, продуцентите снимија продолжение, „Валкан танц: Ноќите во Хавана“, каде што Свејзи се појави во улога на инструктор по танцување. Филмот имаше лоши критики и заработи само 14 милиони долари во кината во САД.