Џенифер Лав Хјуит чека трето дете

Актерката Џенифер Лав Хјуит (42), ѕвездата од „Знам што правеше минатото лето“, објави на Инстаграм дека по трет пат ќе стане мајка.

„Ох бејби! Имаме уште едно на пат! Многу сум возбудена што конечно можам да ја споделам веста со сите вас“, напиша таа споделувајќи слика како држи позитивен тест за бременост.

Џенифер и нејзиниот сопруг, актерот Брајан Халисеј (42), имаат веќе две деца, седумгодишната ќерка Аутумун Џејмс и петгодишниот син Атикус Џејмс Хелисеј. А според неа, третото дете дошло како изненадување, иако отсекогаш биле отворени за таа опција.

Актерката покрај улогата во хорор-филмот „Знам што правеше минатото лето“, како и неговото продолжение „Сè уште знам што правеше минатото лето“, позната е по улогите во филмовите „Срцекршачки“ и „Смокинг“, како и во сериите „Шепотење со духови“, „Криминални умови“ и  „9-1-1“.

Scroll to Top