Новиот филм на Џенифер Лопез „Kiss of the Spider Woman“ беше добро прифатен на филмскиот фестивал „Санденс“, но и покрај тоа, таа сè уште е повредена поради неодамнешните неуспеси во филмската индустрија.
Иако „Бакнежот на жената-пајак“ доби и почесно признание, ѕвездата е бесна поради тоа што е номинирана за Златната малина, наградата што се доделува за најлошите достигнувања во кинематографијата.
Таа беше номинирана за најлоша актерка во филмот „Атлас“.
Според извор близок до Џенифер Лопез, уште еден удар за нејзиното его била реакцијата на критичарите на нејзиниот автобиографски филм „This Is Me… Now“, а поради слабата продажба на билети, таа морала да ги откаже своите премиери. Во таа прилика изјавила дека само сака да поминува повеќе време со своите деца.
„Џенифер навистина лошо го доживува тоа. Во моментов се чувствува како да не може да се одмори. Изминатата година беше убедливо најтешката во нејзиниот живот”, рекол изворот.
Таа се разведе од Бен Афлек минатата година, а неодамна го финализираше разводот. Меѓутоа, откако потврдија дека повеќе не се заедно, таа еднаш изјави дека заљубувањето сепак и е важно.
Исто така, медиумите претходно објавија дека и покрај нивната разделба, Џенифер презема стратешки чекори за да остане блиску до Афлек, и емотивно и физички.
Таа неодамна погледна имот во населбата Брентвуд во Лос Анџелес, кој се наоѓа во близина на замокот во кој живее Бен Афлек.
„Џенифер се однесува како да ѝ е удобно со оваа нова фаза во нејзиниот живот, но сепак е многу заљубена во Бен. Таа, исто така, сака да го одржи пријателството со Бен и замислува дека ќе имаат блиски односи како тој со неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер“, објасни тој.