Џенифер Лопез донира милион долари за уништеното Порторико

 

Американската пејачка и актерка Џенифер Лопез донира милион долари за Порторико поведувајќи кампања во државата Њујорк за помош на овој остров кој беше уништен од ударот на циклонот Марија.

Џенифер, која е родена во Њујорк од родители Порториканци, рекла дека донацијата ќе оди за повеќе добротворни организации и дека таа, заедно со другите ѕвезди со латиноамериканско потекло, ќе работи за да му се помогне на тешко погодениот остров.

Циклонот во Порторико и на островот Доминика зад себе остави 33 жртви, само неколку дена по страшниот ураган Ирма.

Scroll to Top