Пејачката и актерка Џенифер Лопез ќе игра во новиот филм на „Нетфликс“ со наслов „Мајка“ („The mother“).
Лопез ќе игра смртоносен убиец во приказната, според класиката „Професионалецот“ на Лук Бесон. Холивудската ѕвезда во филмот игра лик на убиец кој се крие за да ја заштити ќерката од која се откажала со години, додека бегала од опасни мажи.
Сценариото е напишано од Миша Грин од „Ловкрафт Кантри“, а ревидирано е од Андреа Берлоф од „Страјт аут Комптон“. Лопез е во копродукција на проектот.