Пејачката Џенифер Лопез вели дека пред 30 години кога почнала да глуми во филм, нејзините блиски соработници и говореле дека најмногу што може да добие улога е како домашна помошничка. Дека тоа ќе ѝ биде границата.
„Пред 30 години ми збореа дека сум латино девојка. И дека девојките како мене не добиваат големи уоги. Кога на 26 години ја добив улогата во филмот „Селена“ бев премлада за да сватам што се случува. За неа добив хонорар од милион долари. Повеќе од која било латино актерка дотогаш. Тоа ми ги отвори патиштата“, изјавила Џенифер.
Најмногу пофалби добила за главната улога во „Селена“, филмската биографија на латино пејачката Селена Гуинтанили, за која во 1997 година била номинирана за „Златен глобус“.
Иако неодамна го прослави 50. роденден, актерката не престанува да добива комплименти на сметка на нејзиниот изглед и нејзината совршена линија. Вели дека за тоа е благодарение на добрите гени, здравата прехрана и времето минато во теретана.
„Да ги послушав оние кои на почетокот на кариерата ми велеа да го променам своето тело, не би била сега на местото каде што се наоѓам. Верувајте во своите соништа и сакајте се себе си такви какви што сте“, вели Лопез во едно од своите последни интервјуа.
Пејачката вели дека одгледувањето во традиционално латино семејство си го направило своето. Храброста, страста и самоувереноста се вредности кои ги усвоила од своите најблиски.
Последен филм во кој глуми Лопез е „Измамничката од Вол Стрит“, улога за која вели дека се подготвувала специјално. Дури инсталирала шипка во својот дом, каде вежбала со часови за целосно биде подготвена за новата улога. Лопез ќе го глуми ликот на Рамон, шеф на група стриптизети кои ќе ги ограбат своите богати клиенти.
Лопез вели дека нејзиниот партнер поранешната безбол ѕвезда Алекс Родригез го гледал филмот и му се допаднал.