Џенифер Лопез се сликаше со сестрите кои ретко ги покажува во јавност. Таа позираше за Денот на благодарноста со целото семејство. Сестра ѝ, авторката Линда Лопез ги објави фотографиите на кои е и најстарата Лесли. Се сликаа во станот на Џенифер во Њујорк, а обожавателите им забележаа дека многу си личат.
„Прекрасни сте, многу си личите“, им напиша еден пријател, додека друг им коментираше дека сите се убави. Трите пораснаа во Бронкс и многу се блиски. Лесли работи како учителка по музичко, но не сака да се покажува многу во јавност иако досега неколку пати прошетала на црвениот тепих, како сестра ѝ.
Трите беа израснати од нивните родители Гуадалупе и Давид. Во едно интервју за време на пандемијата, Џенифер рече дека сите се многу блиски.
„Тоа ни стана приоритет број еден, кој на некој начин со време го земавме здраво за готово. Бидејќи не можевме да ги видиме родителите колку што сакавме, па голем број од празниците ги поминавме одвоено“, рече Лопез.
Покрај сестрите, Џенифер празникот го мина и со сопругот Бен и нивните деца. Џенифер ги има близнаците Ема и Макс од бившиот Марк Ентони, додека Афлек ги има Виолет, Серафина и Самуел кои ги доби со Џенифер Гарнер. Неодамна пејачката го најави и новиот албум за 2023 година.
View this post on Instagram