Добитничката на Оскар, Џенифер Лоренс, призна дека „никогаш не се чувствувала претерано паметно“ и дека имала потешкотии со учењето.
„Но, кога и да читав некое сценарио, ми беше многу лесно да замислам како се чувствува таа личност“, вели Лоренс.
„Во тие моменти, ми се активираше дел од мозокот за кој не знаев ни дека постои. Тоа беше нешто во што имав самодоверба, и не сакав да се одречам од тоа. Сакав сама да го изодам својот пат“, вели 27-годишната актерка.
Лоранс, која одлучила да го напушти училиштето кога имала само 14 години, вели дека не се кае заради одлуката.
„Таа ме доведе тука каде што сум. Најдов нешто што сакам да го работам и не сакав никој да ми пречи во тоа. Дури ни пријателите долга низа години не ми беа толку важни како што ми беше кариерата“, заклучуваа таа.