Џенифер Лоренс прошета на црвениот тепих на доделувањето на наградите БАФТА

Во Лондон во неделата, 18 февруари, се одржа 71. доделување на наградите на Британската академија за филмската и телевизиската уметност – БАФТА. На црвениот тепих прошетаа голем број познати личности, а една од нив била и убавата актерка Џенифер Лоренс.

Џоана Ламил ѝ ја најави на публиката на посебен начин.

„Кој може подобро да ја започне вечерта од најжешката актерка на планетата, прекрасната Џенифер Лоренс, која набргу ќе може да ја гледате во новиот филм“, изјавила Ламил.

 

По оваа најава, Џенифер дофрлила дека тоа што Ламил го рекла било премногу. По ова, социјалните мрежи биле преполни со коментари за младата актерка, па жестоко ја критикуваа.

„Засрами се, разгалено детиште“, „Таа е национално богатство, а што си ти?“, „На тебе никој нема да се сеќава кога ќе имаш 71 година“, беа некои од коментарите што ја дочекаа Лоренс по доделувањето на наградата БАФТА .

По ова, Џенифер Лоренс се појавила на премиерата на филмот Red Saparrow во Лондон во златниот фустан на „Диор“ со длабоко деколте. Младата актерка успеала да привлече големо внимание со оваа креација што ја избрала за овој настан, па сите со причина гледаа во нејзините гради, кои ѝ биле во преден план.

Џенифер во филмот го толкува ликот на руската шпионка што се заљубува во агент на ЦИА. Инаку, таа неодамна објави дека некое време ќе се повлече од глумата за да се посвети на активизмот.

„Некое време нема да глумам затоа што ќе се посветам на една организација што се занимава со политичко ангажирање на маладите на локално ниво. Првенствено станува збор за борба против корупцијата“, открила во неодамнешното интервју.

 

 

Scroll to Top