Џерард Батлер доживеа несреќа со моторот

Холивудскиот актер Џерард Батлер е голем љубител на мотори и брзо возење, а несреќата што ја доживеал била токму поради падот од својот миленик на две тркала.

Оваа незгода се случила во Лос Анџелес во доцните часови кога актерот се враќал од снимање на емисијата Late Night, каде што гостувал кај комичарот Сет Маерс, со кој разговарал за својата нова улога.

Падот од моторот се случил кога еден автомобил му го пресекол патот по што тој излетал од него. Очевидците што биле на самото место веднаш повикале итна помош.

„Џерард, за среќа, нема посериозни повреди, ниту скршеници, а добил само расеченици и модринки“, наведува изворот на интернет-страницата ТМЗ.

Weekend adventures on the road. @officialtriumph

A post shared by Gerard Butler (@gerardbutler) on

Scroll to Top