Џеред Лето повторно ќе го глуми Џокер

Режисерот Зек Снајдер на Инстаграм објави слики од новиот Џокер. Со тоа тој откри дека Џеред Лето повторно ќе го глуми познатиот негативец.

Лето го глумеше овој лик и во „Одредот на отпишаните“ од 2016,  но не и во годинешниот втор дел. Наместо тоа, тој глуми во новото, исто така овогодишно продолжение, на филмот „Лига на правдата“ што е во постпродукција и прикажувањето е закажано за 18 март.

 

Според објавените фотографии, Џокер повторно ќе има долга мрсна коса, препознатливото избелено лице и шминка околу устата и очите, но и гумени ракавици и бела тоалета, што е новост.

– Трикот на таа сцена со Џокер е дека тој разговара директно со Бетмен за Бетмен, изјави Снајдер за „Венити фер“. Џокер го анализира Бетмен околу тоа – кој е и што е, а „Џокерот“ Џеред Лето и „Бетменот“ Бен Афлек никогаш не се сретнале, што е неправда и јас решив дека ќе ја коригирам, вели режисерот.

Scroll to Top