Џереми Ренер си го спасил внукот пред да го прегази чистачот за снег

Џереми Ренер си го спасил внукот пред тој да биде прегазен од чистачот за снег, пренесе Page Six. Ренер во последен момент го тргнал детето и го извадил од снегот пред да помине машината врз рекоа од полицијата.

„Излегол од возилото да го спаси, но не ја стиснал кочницата“, пишува во извештајот од канцеларијата на шерифот.

За потсетување, Џереми на 1 јануари доби тешки повреди откако чистачот за снег мина преку него. Одма го пренесоа во болница каде му ги санирани повредите. Неодамна беше пуштен на домашно лекување, а Џереми објави како се опоравува.

 

Scroll to Top