Еден од најголемите американски комичари, Џери Луис, почина пред пет години на 92-годишна возраст. Многумина велат дека на денот на неговата смрт умре и комедијата. Неговите обожаватели и денес се присетуваат на неговите шеги, хумор, мимики и гестикулации и за него велат дека е најголемиот и најдобар комичар на сите времиња. Сепак, неговото семејство го памети по не толку убави моменти.
„Тој беше зол човек. Никогаш не покажуваше љубов и грижа кон мене и браќата“, изјавил во медиумите неговиот најстар син, Гери Луис (72).
Музичарот и член на бендот Gary Lewis & the Playboys го обвинил татко си за самоубиство на братот Џозеф Кристофер. Најмладиот син на комичарот изврши самоубиство во 2009 година, а Гери тврди дека причината за несреќата не била неговата зависност од дрога, туку тоа што татко им никогаш не им посветувал доволно внимание. Вели дека неговиот брат боледувал од скршено срце.
Американскиот комичар за време на својата холивудска кариера бил со две жени и имал седум деца. Со пејачката Пати Палмер се венчал по само два месеца врска. Со неа имал пет синови, а еден посвоиле. Се развеле по 36 години брак поради неверствата на Џери.
„Тоа се случува кога еб*м секого во Холивуд“, е славната шега што ја кажал комичарот во тој период.
Од сопругата се разведува по неверството со актерката Мерлин Монро. Пети тогаш барала 450 000 долари годишно за издршка за неа и за нејзиниот најмлад син Џозеф Кристофер. Пети тврдела дека нема никакви приливи на пари и наместо на кариерата, била принудена да се посвети исклучиво на децата. Луис им кажал на своите деца дека се разведува покажувајќи им насловна страница на едно списание на која пишувало „Џери и Пети Луис се разведуваат“.
Со манекенката Лин Диксон во 1952 година наводно ја добил ќерката Сузан Минорет. Никогаш ја нема признаено, но ниту го негирал татковството.
Колку Луис бил тешка личност и колку уживал во таа улога покажал во едно од своите последни интервјуа. Комичарот на снимателите им објаснувал каде е неговиот дом и дека мораат да ја наместат опремата, а кога конечно завршиле, не бил расположен да одговара на прашањата на новинарите.
„Беше незгоден, но и смешен. Покажувајќи виталност и комплетна ангажираност, докажа дека го поседува целиот пакет“, беше коментарот на еден новинар за американскиот магазин The Hollywood Reporter.
Луис се прослави со својата слапстик комедија, која во педесеттите години од минатиот век прво ја изведуваше со Дин Мартин. Почнаа да настапуваат на радио, а завршија на телевизија. Комичарот сними само неколку емисии со Мартин, а потоа одлучија да преминат на филмовите, каде неговиот хумор се ширеше како вирус. Партнерството со Мартин траеше до 1956 година. До тогаш имаа снимено 16 филмови.
Луис потоа продолжи самостојна кариера, без Мартин. Американскиот комичар изгради исклучителна кариера, а во текот на истата имаше успешни комичарски настапи низ целиот свет. Стана еден од најплатените актери во Холивуд.
Врв му беше филмот „Кралот на комедијата“ во 1983 година, во кој толкува релативно сериозна улога, а комичната ја одигра Роберт де Ниро.
Од 1970 година се пробал и во улога на режисер, но тоа што сепак ја одбележа неговата кариера е неговиот исклучителен хуманитарен однос и придонес во истражувањата на мускулната дистрофија.
Водејќи 55 години емисија во живо во која славни лица се јавуваат на телефон и примаат донации успеа да собере преку 2,5 милијарди долари за истражување на оваа болест.
Комичарот во 1995 година станал најплатена ѕвезда во историјата на „Бродвеј“ како Mr Applegate во мјузиклот на Damn Yankees.
Се пробал и како писател, нешто во што исто така бил успешен. Во подоцнежниот живот предизвикал контроверзни коментари за расата и крајните десничарски стојалишта. Филмовите по кои е познат се „Тоа е мојот син“, „Падобранци против волјата“, „Мртви од страв“, „Уживај во животот Џери“, „Џери во циркус“, „Шериф на дивиот запад“, „Лудориите на Џери Луис и Синферфела“.