Џесика Симпсон објави нови фотографии, и напишаа: Цела си вештачка

Американската пејачка и актерка Џесика Симпсон (44) ги воодушеви своите следбеници и обожаватели со новите фотографии кои ги објави на Инстаграм. Џесика позираше во розов корсет и проѕирни, чипкасти панталони и гордо ја покажа својата витка линија.

Исто така, после тоа објави фотографии во црвен долг фустан, на кои позира пред огледало. Многу следбеници и напишаа дека изгледа прекрасно. „Убава си“, „Немам зборови кралице“, беа коментарите.

Од друга страна, имаше и такви кои и приговараа. „Порано беше поубава, сега си цела некако вештачка“, напиша друг.

За потсетување, за линијата на Џесика Симпсон се зборува долго време. Пејачката и актерка е позната по осцилациите на килограмите, а во изминатите пет години ослабела 45 килограми.

Симпсон тврди дека со помош на тренер пронашла одржлива рутина, која и овозможила да не се лишува од она што го сака.

Scroll to Top