Џин Симонс од групата „Кис“ обвинет за сексуално вознемирување

By

Новинарка, чиешто име не се открива, го обвинила 68-годишниот фронтмен на групата „Кис“, Џин Симонс, за сексуално вознемирување. Според обвинението што е поднесено во полиција, таа тврди дека Симонс се однесувал несоодветно за време на интервјуто што го правела со него.

Музичарот засега не ги коментира обвинувањата.

Групата „Кис“ постои од 1973 година и досега имаат продадено преку 100 милиони копии од нивните албуми, а 25 од нивните албуми се „златни“ и „платинести“.

Ќе ви се допадне