Битката меѓу поранешната популарна холивудска двојка, Анџелина Џоли и Бред Пит, за старателството над нивните малолетни деца станува сè подраматична, пренесуваат светските медиуми.
Магазинот Globe, повикувајќи се на извор близок до семејството, тврди дека Џоли му викала на висок тон на Бред и му се заканила дека никогаш нема да добие заедничко старателство и дека таа е подготвена да плати ако треба и 100 милиони долари за да го добие глумецот на суд.
„Џоли единствено ќе му дозволи на Бред заедничко старателство ако тој ѝ дозволи со децата да замине во Франција. Тој тоа никогаш нема да го дозволи. Бред ѝ објасни на Џоли дека нема намера да ѝ ги земе децата, но дека и тој како татко има право на нив и да биде со нив“, вели изворот.
Тој објаснува дека со нетрпението што се јавува кај Џоли глумицата само дополнително додава поени на контото кај Бред во судската пресметка. Таа годинава бараше и иземање на судијата што го води процесот објаснувајќи дека тој бил премногу близок со адвокатскиот тим на Бред Пит.
Сепак, ваквото нејзино барање било одбиено со оглед на фактот дека токму таа на почетокот барала тој судија да го води случајот. Тој бил и човекот што ги венчал во 2014 година.
Во моментот сè уште се води судскиот спорт за старателството над нивните пет малолетни деца, 16 -годишниот Пакс, 15-годишната Захара, 14-годишната Шајло и 12-годишните близнаци Нокс и Вивиен.