Објавена е листата на номинирани за наградите „Греми” за американската музичка индустрија. Џон Батист освои најголем број номинации, вкупно 11, од кои едната е за песна на годината (Freedom) и најдобар албум (We are). Џастин Бибер, Доџа Кат и Х.Е.Р. освоија по осум номинации. Били Ајлиш и Оливија Родриго добија по седум номинации.
На листата со номинирани за најдобра песна се најдоа: АББА со I Still Have Faith In You, Тони Бенет и Лејди Гага со I Get A Kick Out Of You, Џастин Бибер, Даниел Кајзар и Гивеон со Peaches, Бренди Карли со Right On Time, Доџа Кет и СЗА со Kiss Me More, Били Ајлиш со Happier Than Ever, Лил Нас Екс со Montero, Оливија Родриго со Drivers licenseн и „Силк соник“ со Leave The Door Open.
На годинешното доделување на наградите доминираа Тејлор Свифт и Били Ајлиш, а Бијонсе стана најнаградуваната изведувачка во историјата на овие американски награди. Следното 64. доделување по ред е закажано за 31 јануари 2022 година во Лос Анџелес.