Џони Деп доби 15 милиони евра отштета, Амбер Херд е виновна за клевета

Џони Деп доби 15 милиони евра отштета во случајот против Амбер Херд. Поротата денеска ја донесе пресудата во тужбата за клевета во која тaa тврдеше дека глумецот физички и сексуално ја нападнал во повеќе наврати.

Таа се очекува да биде прочитана за 9 часа. Медиумите пренесоа дека Амбер Херд била прогласена за виновна. Портата исто така утврдила дека и Џони Деп ја клеветел Амбер, но тоа го направил преку неговиот адвокат Адам Валдман. Таа доби отштета од два милиони долари.

Scroll to Top