Американскиот актер Џони Деп ќе се појави и во шестиот дел од серијалот „Пиратите од Карибите“, пишува „Сан“.
Пробното снимање на филмот ќе почне идниот месец во Велика Британија, а работниот наслов на филмот е A Day At The Sea. Бидејќи проектот е во рана фаза и сѐ уште не е соопштено кој ќе ја преземе режисерската палка.
Извршен продуцент ќе биде Брус Хендрикс, кој учествуваше и во продукцијата на првите три филма.
Досегашните пет филмови од серијалот вкупно над 4,1 милијарди долари заработка на светско ниво, а самиот Џони Деп зел повеќе од 240 милиони долари.
Деп, инаку, беше првично отпуштен од идните проекти од приказнава, откако поранешната сопруга на глумецот, Амбер Хард го обвини за семејно насилство. Во јуни годинава, Судот во Вирџинија (САД) пресуди дека нејзините тврдења се клевета.