Холивудскиот актер првпат ќе се појави на филмското платно откако беше обвинет дека ја малтретирал и злоupotrebuval својата поранешна сопруга Амбер Херд, уверуваат од „Варајети“. Тој ќе глуми во историски филм на францускиот режисер Мајвен, каде ќе ја толува улогата на кралот Луј XV, чие владеење е едно од најдолгото во светската историја (58 години).
Снимањето ќе се случи летово на периферијата на Париз, главно во Версајската палата, поранешната резиденција на француските монарси. Мејвен исто така ќе толкува една од улогите во филмот, а главната хероина е грофицата Жана Дубари, последната љубовница на Луј XV.
Деп имаше доста приватни проблеми, кои влијаеа врз неговата кариера. Тој беше принуден да се откаже од улогата на Гелерт Гринделвалд во филмската франшиза „Фантастични ѕверови“, откако го изгуби спорот против таблоидот „Сан“ во 2020 година, кој го обвини дека ја претепал Амбер Херд. Оттогаш не беше поканет на ниту еден друг проект, туку напротив, беше бојкотиран во Холивуд.
Посlедниот игран филм на актерот е The Great од 2020 година, кој разоткрива еколошки криминал во Јапонија.
За потсетување, Херд поднесе барање за развод од Деп во 2016 година, откако го обвини за семејно насилство. Деп ги негира сите обвиненија. Тие сè уште ја разјаснуваат својата врска на суд.