Џони Деп допрва треба да се врати на голема врата во Холивуд по неговата судска победа против Амбер Харт оваа година. Тој одамна ја доби поддршката од американскиот џет-сет. Ријана, како и другите познати личности, ја повика и ѕвездата на „Пирати од Карибите“ на модна ревија на брендот „Севеџ екс фенти“. Облечен во еден од најновите лежерни стилови на Ријана, актерот се смееше пред камерата знаејќи дека овој настан е голема работа, пишуваат светските медиуми.