Џони Деп не сака да ѝ плати два милиона долари на Амбер

Џони Деп не сака да ѝ ги плати двата милиона долари на Амбер Херд, кои судот му нареди да ѝ ги плати за клевета. И двајцата поднесоа жалба по пресудата.

Прва поднесе Амбер барајќи 10 милиони долари од Деп поради клевета, а сега истото тоа го направи и глумецот. Неговите адвокати поднесоа жалба во судот во Вирџинија минатиот петок и се жалеа на одлуката за Деп да ѝ плати на Амбер 2 милиона долари.

Извор близок до него рече дека тоа била позитивна пресуда за него и верува дека и двајцата ќе продолжат со своите животи.

„Ако госпоѓа Херд одлучи да продолжи и понатаму со вложување жалби на пресудата, тогаш и Деп ќе го направи истото тоа за да осигури дека апелацискиот суд ќе ги разгледа целосните записи и сите релевантни правни прашања“, додаде тој за People.

За потсетување, Амбер поднесе жалба кога судот го одби неговото барање за ново судење од повеќе причини вклучувајќи го и она дека еден од членовите во поротата не бил оној за кого се мислело дека е. Во соопштението на нејзините адвокати е објавено дека судот направил грешка, која спречила праведна и чесна пресуда во согласност со Првиот амандман од уставот.

Иако разбираме дека денешната жалба ќе предизвика реакции на „Твитер“, мораме да преземеме чекори за да обезбедиме правичност и правда“, изјавија претставниците на Херд. Оние на Деп изразија силна доверба во пресудата.

„Поротата ги разгледа обемните докази презентирани во текот на шестнеделното судење и донесе јасна и едногласна пресуда дека обвинетата го наклеветила г. Деп во повеќе наврати. Сè уште сме уверени во нашиот случај и дека оваа пресуда ќе остане“, изјави портпаролот на Деп.

За потсетување, Деп треба да добие отштета од 15 милиони долари во тужбата за клевета против Херд, на која, пак, глумецот треба да ѝ исплати 2 милиона долари. Поротата одлучи дека Амбер го клеветела опишувајќи се себеси како јавна личност што го застапува семејното насилство во текстот објавен во 2018 година во „Вашингтон пост“, иако таа не го именува актерот.

По завршувањето на судењето, Џони ѝ се врати на глумата. Тој треба да го глуми кралот Луј XV во францускиот филмот La Favorit, кој исто така ќе се снима во палатата во Версај.

Scroll to Top