Адвокатите на Џони Деп објавија аудиоснимка на која се слуша како Амбер Херд физички го напаѓа актерот, пренесе Daily Mail. Разговорот го снимил Деп, кој претходно зборувал како Амбер имала навика да го удира и да фрла со тврди предмети кон него.
„Не те удрив. Жал ми е што не ти удрив убава шлаканица. Те удрив, но не силно“, се слуша Амбер во видеото, на што Деп ѝ одговара: „Немој да ми зборуваш какво е чувството кога некој ќе те удри“.
„Си бил во многу тепачки. Жал ми е што те удрив посилно. Не сум сигурна какви ми беа движењата на рацете, но не те повредив, добар си“, викала Амбер во видеото, а кога Деп ѝ рекол дека таа физички го нападнала, Херд само потврдила.