Џони Деп си отвори „Тик-ток“ и доби повеќе од 1,6 милион следачи

Џони Деп се приклучи на „Тик-ток“ и веднаш доби повеќе од 1,6 милион следачи. Холивудскиот актер отвори профил на популарната платформа за споделување видеа по правната победа над поранешната сопруга Амбер Херд во судењето за клевета.

Деп (58) за два дена го заследија над 1,6 милион следачи, а во биото на профилот стои: „Повремен Теспијан“. Деп моментно не следи никого и не лајкувал ниту една објава на апликацијата.

Scroll to Top