Џорџ Клуни донира милион долари за борба против корупцијата во Африка

Американскиот актер Џорџ Клуни донира милион долари за борба против воените злосторства и корупцијата во Африка. Тој ги даде парите на истражувачката иницијатива „Сентри“, чиј коосновач е самиот тој, а целта на организацијата е откривање на нелегалната финансиска мрежа која стои зад судирите во Африка.

Досега за оваа хуманитарна кампања се собрани 3,45 милиони долари. Парите ќе се искористат за финансирање на подготовката на извештаи за нелегалните извори на пари во Јужен Судан и Судан, Конго, Сомалија и Централноафриканска Република.

Клуни и активистот за човекови права, Џон Прендергаст, ја основаа „Сентри“ во 2015 година.

Scroll to Top